
Македонскиот поет Никола Маџиров е меѓу тројцата европски поети учесници заедно со нобеловците Херта Милер и Ле Клезио на единаесеттиот поетски фестивал „Космопетика” кој ќе се одржи во октомври во Кордоба, Шпанија.
На фестивалот ќе учествуваат и поети од Јапонија, Палестина, Кина и Аргентина, како и поголем број шпански автори. Книгата на Маџиров на шпански јазик „Изреченото нè прогонува“ објавена од издавачката куќа „Пре-текстос“ во едиција со Ник Кејв, Волт Витман, Песоа и Бодлер, според шпанските книжарници неколку недели беше меѓу најчитаните поетски книги во Шпанија, а најтиражниот шпански дневен весник „Ел Паис“ објави критика со наслов „Еден европски глас“ во кој напиша: „Маџиров е неодминлива референтна точка во новата европска поезија. Длабока и светла, и мевлем и болка, неговата поезија навлегува во најбогатата традиција на европската поезија и, иако мошне лична, поезијата на Маџиров расте со секое читање.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


