| четврток, 6 декември 2018 |

50 видови пиво, гурманска храна и одлична музика, од утре на „Пиволенд“

Од утре, па се до 24. овој месец на Скопско кале, започнува седмиот по ред фестивал „Пиволенд“. Годинешната програма ветува над 50 видови на пиво, гурманска храна и одлична музика. И оваа година „Пиволенд“ дава голема поддршка на македонските артисти.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и организаторите на Пиволенд, порачаа пивото одговорно да се консумира.

На едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика- „Леб и сол“, „Мизар“, Селимова-Желчевски, популарните поп-изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи, како и неизбежните цареви на ноќните свирки Бени и Нонстоп, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус, „Тумбао салса бенд“, Тони Михајловски и Скандал састаф, како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд – Д Џон, Смат, Сиз, К.У.Р (Културно-уметнички работници), Хроматик поинт и Брука.

Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хип-хопот ќе настапуваат диџеј Славе и „Галактик експлорерс“. За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге-составот Јосип А Лисац од Нови Сад.

Погледнете ја целосната програма за „Пиволенд 2014“:

Среда 20 август

– Астероид Б 612

– Хроматик поинт

– Бени и Нонстоп

– Леб и сол

– Д Џон

Четврток 21 август

– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)

– К.У.Р ( Културно-уметнички работници)

– СИЗ

– СМАТ

– Тијана Дапчевиќ

– МВП (Србија)

– Мизар

Петок 22 август

– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)

– Пука банд брука

– Тумбао салса бенд

– Тајзи

– Тамара

– Диџеј Славе

– Галактик експлорерс (диџеј Кокс)

Сабота 23 август

– Фреш( Победници на конкурсот за млади бендови)

– Димитар Андоновски

– Трибјут 2 Пинк флојд

– Дани Димитровска

– Јосипа Лисац (Србија)

– Жаре Бербер

Недела

– Бански старчета (Бугарија)

– Селимова-Зелчевски

– Влатко Лозановски- Лозано

– Бета хаус

– Тони Михајловски и „Скандал састаф“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top