| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во Скопје: Настани за сите вкусови – моторели, ракомет, концерт, „Пиволенд“

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија ќе се одржи традиционалното 25 Меѓународно моторели, на кое ќе учествуваат поголем број мотоциклисти од земјава и други европски држави.

Учесниците во релито, соопшти денеска СВР-Скопје, в недела ќе пристигнат на влезот на Скопје кај Мост Сарај и ќе се движат по ул. „Ѓорче Петров“ бул. „Партизнаски одреди“, ул. „Никола Парапунов“, бул. „Илинден“, бул. „Гоце Делчев“, ул. „Филип Фтори Македонски“, ул. „Васил Аџилатски“ и ул. „11 Октомври“ околу 15:30 мин ќе пристигнат на плоштад Македонија.

motoreli skopje

Стартот на релито беше вчера во 10 часот од плоштад „Македонија“, а учесниците се движеа по ул. „11 Октомври“, лево бул. „Кочо Рацин“, десно по бул. „Гоце Делчев“, по бул. „Александар Македонски“ излез од Скопје – кон Куманово.

Денес со почеток во 17.30 во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар меѓу ЖРК Вардар и Лаевик од Норвешка.

vardar-larvik-chetvrtfinale-lsh-2.4.2016-4528

Со почеток во 20.00 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ Сами Јусуф од Лондон ќе одржи концерт.

sami jusuf

Од денеска, како и во текот на викендот со почеток во 19.00 часот на Скопското кале ќе се одржи фестивалот на пивото „Пиволенд“. Од СВР – Скопје посочуваат дека се очекува присуство на поголем број граѓани, од овие причини, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. По потреба физичка регулација и пренасочување на сообраќајот, особено ќе се следи состојбата на сообраќајот на ул. „Самоилова“ и ќе се преземаат соодветни мерки.

pivolend 2016 efto pupinovski

Од СВР – Скопје апелираат до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на фестивалот на пивото „Пиволенд“ со сопствени возила, да ги паркираат на паркинзите во централното градско подрачје или на паркинг-просторот на ул. „Лазар Личеноски” под тврдината Кале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top