| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на документарен филм за Пелистер

pelister 6

„Нашето чудо на природата – Пелистер“ е насловот на документарниот филм што вечерва ќе биде промовиран во рамки на Битфест во Битола. Сценариото  е на Каролина Николоска, а во режија на Анета Шијакова.

Филмот се фокусира на природните убавини на Пелистер и на неговата авантуристичка страна, претставувајќи го Пелистер како предизвик за секој човек да ги измери своите сопствени капацитети освојуваќи ја планината и црпејќи енергија од неа. Претставени се и одличните капацитети за планинарење, алпинизам и спортување.

Публиката ќе има можност да се запознае со најубавите места на Пелистер кои беа и дел од конкуренцијата за нови светски чуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top