Преубавата хрватска кошаркарка Антонија Мишура со години го привлекува вниманието повеќе поради својата сексапилност отколку поради кошаркарските квалитети.
Таа во последниот период со изјавата за „Информер“ предизвика дополнително внимание. Мишура, покрај другите одговори во интервјуто, откри дека е голем навивач на Црвена звезда.
Таа, зборувајќи на таа тема, изјави дека има желба да дојде во Белград, во „Комбанк арена“, и да ги бодри играчите на омилениот клуб, но призна дека не би го облекла црвно-белиот дрес.
– Не би се вклопила во нивниот систем. Тие форсираат млади играчи, а јас веќе имам 26 години и големо искуство – изјави Мишура, која игра за Тулуз.
Реакцијата на навивачите на Црвена звезда, познатите „Делии“, е дека ја очекуваат, а за тие што сѐу ште не ја запознале, можат да ја видат на следнотво видео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



