Во акцијата за собирање пари за АЛС фондацијата се приклучија голем број на светски ѕвезди, како и најдобрите спортисти. Акцијата позната како „леден предизвик“ ја поддржа и Чарли Шин, но на малку поинаков начин.
Наместо (бескорисна) ледена вода, Чарли своето тенџере го наполнил со банкноти.
– Чекајте, па тоа не е лед. Тоа се десет илјади долари во готово кои ќе ги донирам на АЛС фондацијата бидејќи ледот ќе се стопи, а овие пари навистина ќе им помогнат на луѓето – кажал Чарли.
Тој притоа ги предизвика Џон Краер, Чак Лор и Ештон Кучер да го „направат истото што и тој“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.