| четврток, 6 декември 2018 |

Марсениќ нов играч на Металург

03_resize2-610x218

Металург потпиша тригодишен договор со талентираниот пивотмен на Партизан, Мијајло Марсениќ. Марсениќ (21 г., 204 см, 107 кг) е репрезентативец на Србија, а во досегашната кариера настапувал за екипите на Беране и за Партизан.

Со ангажирањето на Марсениќ, Металург ги пополни сите места во својата екипа, а неговиот ангажман е во духот на новиот и помлад Металург, кој се формира од минатата година.

– Пресреќен сум што потпишав договор со екипата на Металург, сигурно најдобрата екипа на Балканот. Среќен сум и поради работата со Лино Червар, под чие раководство очекувам напредок во мојата игра. Настапите во Лигата на шампионите и во Регионалната лига за мене претставуваат голем предизвик и јас се надевам дека ќе го заслужам своето место во тимот и ќе ги исполнам очекувањата на клубот. Играњето во Металург е голем напредок во мојата кариера – изјави Мијајло Марсениќ.

– Голема благодарност до екипата на Партизан и до претседателот на клубот, г. Александар Благоевиќ, кои го овозможија овој трансфер. Презадоволен сум што еден млад и талентиран ракометар, каков што е Марсениќ, ќе настапува во Металург. На Марсениќ му посакувам добре дојде во Металург и очекувам тој да возврати со својата игра. Играњето во Металург и работата со најдобриот тренер на светот, Лино Червар, се позитивни нешта во кариерата на Марсениќ – изјави Левче Китевски, претседател на УО на Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top