Kонтра протест пред владата, каде се собраа група млади од албанска националност со транспаренти и знамиња.
Групата, маршот го започна пред џамијата а потоа се упатија кон Владата на Република Македонија каде што момчињата фрлаат со камења кон владата и кон полицијата.
Пред влада е видливо големото присуство на полиција која се обидува протестот да не ескалира во некои поголеми инциденти.
Инаку вчера пред владата се одржа протест во врска со именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Во истиот имаше неколку предизвикани инциденти, фрлање со камења и тврди предмети накај владата и полициските службеници кои го обезбедуваа протестот. (Фото: Игор Ангеловски (Република))
Албанците го кинеа и газеа македонското знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







