Министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната централна свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, која се одржа во Охрид, изјави дека АРМ е репрезент на сите напори и сите жртви кои биле дадени низ децениите и вековите за слободата, мирот, просперитетот и развојот на нашата татковина.
Истакнувајќи ја соработката на АРМ со партнерите од НАТО и ЕУ, министерот рече дека АРМ го дава својот придонес за мирот, слободата и безбедноста и надвор од границите на Македонија.
– Со трансформацијата на армијата постигнавме респектабилно ниво на пополнетост на командите и единиците. Преку оваа трансформација обезбедивме поголеми оперативни способности и поефикасен командно-контролен систем – рече министерот Јолевски на свеченоста.
Осврнувајќи се на реформите кои се спроведуваат во армијата со поддршка од НАТО алијансата, министерот Јолевски нагласи дека со истите тие се подобруваат условите за работа и подготвеноста на АРМ да одговори на современите предизвици и закани кон мирот и слободата.
– Република Македонија и армијата уште во 2008 година ги исполлнија сите стандарди и услови за полноправно челенство во НАТО. Тоа е наша стратешка цел, за која има силна јавна поддршка и политички консензус. Иако 6 годни неправедно чекаме да ја добиеме заслужената покана за членство во НАТО, остануваме посветени на оваа цел – рече Јолевски.
Јолевски рече дека зајакнувањето на образованието и инвестирањето во обука на воениот и цивилен персонал во АРМ останува еден од клучните приоритети за понатамошниот развој за модерна, ефикасна и високо професионална армија, притоа истакнувајќи ја и целта Воената академија да прерасне во респектабилен центар за обука на офицери во регионот.
Учеството на АРМ во меѓународните мировни мисиии, Јолевски го оцени како едно непроценливо искуство за офицерите и војниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јолевски- Хојт Ји: Фер и кредибилни избори и побрза евроатлантска интеграција
-
Припадниците на АРМ во проектот „АРМ – мој вистински дом“ ги извлекоа броевите на нивните станови
-
Министерот Јолевски: АРМ деноноќно е на терен и му помага на населението погодено од поплавите (Видео)
-
Унгарија дава целосна поддршка за влез на Македонија во НАТО и во Европската унија