Полски турист убил вработен во еден грчки хотел, откако овој реагирал да бидат потивки ноќно време, пренесува весникот То Вима.
Инцидентот се одиграл во една од најпознатите туристички места на островот Закинтос, Лаганас. Ноќта кон саботата 51-годишниот Грк, кој работел како ноќен рецепционер во хотел реагирал бидејќи едно друштво полски туристи кревало голема врева. Кога рецепционерот ги опоменал, Полјаците станале агресивни, го навредувале и му се заканувале. Еден од групата силно го турнал, по што Гркот се здобил со сериозна повреда на главата. Жртвата била пренесена во болница, каде починала во неделата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија