| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ ќе паузира еден месец

Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ од редовите на ПСЖ ќе мора да паузира еден месец од терените поради повреда. Тој уште на почетокот на натпреварот против Бастија се здоби со повреда по што мораше да го напушти теренот. Се работи за повреден мускул во пределот на ребрата и паузата за оваа повреда е околу 30 дена, изјавуваат клупските лекари.
Тренерот Лорен Блан ќе има проблеми со ставувањето на првите 11 играчи бидејќи по саботниот натпревар со Бастија играчот на гостинскиот тим Брандао му го скрши носот на Тијаго Мота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top