Швајцарскиот тенисер Роже Федерер синоќа го освои турнирот од мастерс-серијата во Синсинати, а со тоа дојде до 80. титула во кариерата.
Федерер во финалето го победи шпанскиот тенисер Давид Ферер со 2:1, по сетови 6:3, 1:6 и 6:2.
Ова беше прв натпревар во Опен ерата во кој во финалето се сретнаа играчи кои имаат повеќе од 30 години, Федерер сега наполни 33 и Ферер кој е една година помлад.
И по овој меч Федерер продолжи со 100-процентниот ефект против Ферер, односно 16 победи во исто толку натпревари.
Максимален е ефектот на Швајцарецот и на турнирите во Сининсинати настапуваше на шест и сите ги освои.
За победата на турнирот Федерер ќе добие 640 илјади долари, додека поразениот Ферер двојно помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.