| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс по првпат во својата кариера го освои Синсинати

Во женскиот дел од турнирот на Мастерс купот во Синсинати во финалето најдобриот светски рекет Серена Вилијамс убедливо беше подобра од Србинката Ана Ивановиќ со 2-0 (6-4, 6-1) во сетови.
Вилијамс немаше поголеми проблеми во текот на натпреварот освен во првиот свој сервис гем кога го загуби и и дозволи на Ивановиќ да се понадева на уште една голема победа против фаворит откако во полуфиналето по тешка борба ја победи Марија Шарапова.
Сепак Серена Вилијамс не дозволи изненадување брзо се созеде и направи целосен пресврт во првиот сет. Во вториот брилјираше во текот на сите гемови и лесно ги освојуваше своите сервиси како и гемовите на Ивановиќ.
Во второто финале во Синсинати за Вилијамс таа по првпат го освои овој турнир и го освои 62 трофеј во својата кариера.

Во машкото финале се среќаваат Роџер Федерер и Давид Ферер. Ова е прв турнир во Опен тениската ера каде во финалето се среќаваат двајца тенисери кои имаат преку 30 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top