Шампионот на Англија Манчестер Сити успешно ја започна одбраната на титулата откако денеска во првото коло од новата сезона на гостински терен го победи Њукасл со 2-0. Стрелци за „граѓаните“ беа Давид Силва во 39 минута по асистенција на босанскиот репрезентаитвец Един Џеко. Сити можеше многу лесно да ја загуби предноста во последните десет минути, но среќата беше на страната на голманот Харт. Откако не ги искористија шансите играчите на Њукасл, казната стигна во судиското продолжение преку нововлезениот Серхио Агуеро.
Ланскиот вицешампион Ливерпул на домашен терен го победи Саутемптон со 2-1. Младите играчи Стерлинг и Стариџ беа стрелци на головите во 23 и 79 минута. Единствениот гол за Саутемптон го постигна Клајн по одличната акција на Тадиќ. Саутемптон прикажа добра игра на теренот и ќе биде сериозен противник за „големите“ тимови во обидот за осовјување на бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.