| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на давеникот во Глажња

davenikСе уште беа видливи последните траги од стапките на 18 годишиот Јетмир Османи, кој се удави во водите на браната Глажња, во кумановкото село Думановце. Вчера околу 14 часот, момчето од Љуботен  со трчање скокнало во водата, најверојатно да се разлади, раскажуваат  рибари – очевидци за телевизијата Канал 5.

Потоа  забележале како се дави. Истрчале за помош, но велат – немавме среќа.  Момчето исчезнало во водите на Горна Бања Глажња.

-Ние тука бевме  дојдени како  рибари, тој трчајќи дојде тука два пати вода го исфрли надвор и третиот пат не го исфрли, човекот  што беше со нас се биутна во водата  го бараше , но немаше успех,   дојде неговиот другар друг со чамец но без среќа… Тој дојде трчајќи веројатно да се олади. Ние го видовме но  без успех, штета- изјави  Незим Муртези, очевидец од Куманово.

Тоа што се случи вчера да не се потвори никогаш, посакаа  овдешните жители.  Во голем број, тие  денеска  беа околу водите на  браната и чекаа вест од страна на специјалната  единица за нуркање, пренесува телевизијата. Од нивна страна вчера е  извршено пребарување во водата. Потрагата по момчето продолжи и денеска, но тоа не е пронајдено. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top