Иранскиот претседател Хасан Рохани му рече денеска на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукија Амано, кој се наоѓа во посета на Иран, дека Техеран нема да разговара за својата ракетна програма.
– Нема разговори за иранските ракети, ниту на какво било ниво, и ниту под каков било изговор, рече Рохани.
Рохани, меѓутоа, истакна дека Иран е подготвен да соработува во истрагата на МААЕ за тоа дали иранската цивилна нуклеарна програма има воена компонента, бидејќи во иранската доктрина на одбрана, нема место за употреба на оружје за масовно уништување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


