– Не планираме да го пролонгираме рокот, бидејќи се работи за многу едноставна процедура која не е скапа. Ги повикувам сите оние кои тоа досега не го сториле, да поднесат барање до Судот за легализација на чамците – рече Јанакиески, нагласувајќи дека институциите очекуваат околу 200 барања до крајниот рок.
Горан Устијаноски, раководител на Капетанијата на пристаништата во Охрид, рече дека состојбата со водниот сообраќај во езерото е на задоволително ниво, а инспекторските служби посветуваат внимание на секој пловен објект.
– Засега немаме поголеми проблеми при спроведување на тие инспекциски контроли, а оние прекршоци кои досега ги имаме изречено се во рамките на очекуваното – рече Устијаноски.
Јанакиески, кој денеска е во работна посета на Охрид, се интересирал и за ефектите од воведувањето на чартер бродската линија Охрид – Поградец, при што од надлежните добил информации дека досега во осум тури на оваа линија се превезени 630 патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите збунети и во паника: Не знаат ни компјутер да вклучат, а ќе треба електронски да се регистрираат!
-
Дојде „животот“, а со него и проблемите со регистрирање на возилата
-
Техничкиот преглед на возилата ќе биде три пати поевтин и три пати пократок
-
Централниот регистар ќе работи прекувремено заради регистрација на учесниците на изборите