
Станиците за технички преглед кубурат со налепници за регистрација на возилата. Кој ќе начека налепница ќе го регистрира автомобилот, останатите ќе почекаат. Неколку станици за технички преглед, кои не сакаа јавно да зборуваат пред камера, потврдиле дека имаат проблем со налепници, јави Алфа Тв.
Ситуацијата е таква бидејќи МВР ја поништило постапката за набавка заради нереално високи цени на единствениот понудувач за околу 40.000 евра повеќе од реалната цена.
– Има по нешто дефицитарно е. Сега во моментов има налепници, но не знам следната недела како ќе биде, изјавил соговорник од еден сервис за технички преглед за споменатата телевизија.
Набавката на налепници за регистрација заглавила кога единствениот понудувач побарал повисока цена од реалната, па сега се импровизира како би се решил проблемот до новата набавка. Картончиња, стари налепници од лани, се дел од таканаречените решенија како би можеле возачите да си ги регистрираат возилата.
Дека има проблем со набавката на налепниците потврдија и од МВР, за Алфа.
Министерството ја поништило постапката за набавка заради нереално високи цени на единствениот понудувач за околу 40.000 евра повеќе од реалната цена, ни објаснија од министерството. Сега се чека на законски процедури за да се побара нов добавувач, кој во најкраток можен рок ќе изработи налепници. На 12. месецов, во сите станици за технички преглед доставени биле одреден број налепници кои интервентно ќе го решат проблемот до реализирањето на новата набавка, тврдат од МВР.
Со измените на законот за возилата, од 2014. со секоја регистрацијата на возилото се става и налепницата, која треба да биде истакната на видно место. Налепницата е еден од показателите за полицијата дека возилото е регистрирано. Нерегистрираното возило повлекува казна, но уште поголем е проблемот доколку се случи сообраќајка дури и да не е по ваша вина, автомобилот ако не ви е регистриран осигурителната компанија нема да ви ја покрие штетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Над 80 проценти од возилата ќе добијат црвена или жолта еколепенка
-
Со новиот закон се воведуваат еколошки налепници, еве како ќе се категоризираат возилата
-
Шлепер удри во возила на наплатна рампа
-
Пензионерите збунети и во паника: Не знаат ни компјутер да вклучат, а ќе треба електронски да се регистрираат!


