| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид годинава бележи една од најуспешните туристички сезони

охрид

Охрид оваа година е туристичка дестинација во вистинска смисла на зборот.

Градот е преполн од домашни и странски туристи од Холандија, Турција, Полска, Австрија, Кина. Хотелите, апартманите и приватното сместување е исполнето, пренесува Сител.

За добрата туристичка сезона показател се и преполните плажи и кафулиња во кои се бара место повеќе.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески за Сител изјавил дека годинава очекуват рекорден број на посетители во споредба со изминатите години.

-Она што ние го очекувавме тоа и се случи. Охрид е преполн со домашни и странски гости и се тече според планот што ние во локалната самоуправа заедно со Секторот за туризам и локален економски развој го предвидовме и онака како што ги правевме сите подготовки за пречек на оваа летна сезона – објаснува Бакрачески.

Она што ги привлекива туристите се културно историските знаменитости, природната убавина, езерото, пријатната клима како и бројната културна, спортска и забавна програма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top