Досега за ваков вид операции пациентите се праќаа во странство, каде плаќаа од 35 до 50 илјади евра. Во Македонија ќе чини околу 5 до 7 илјади евра.
Министерот за здравство Никола Тодоров, потенцираше дека оваа метода е особено значајна за младата популација, бидејќи овозможува корегирање на деформитетите во најрана можна возраст , од 14 до 15 години.
-Досега овие деформитети се третирале со прилично застарени методи, со гломазни пластични корсети кои не придонесувале многу за исправување на деформитетот, туку само за стабилизирање на болеста или за мало прогресирање, а пациентите имале прилично отежнато функционирање со нив. Сега интервенцијата се изведува со импланти, со шрафови, кои се пласираат во пршлените и се врши постапка на исправање на деформитетот – рече Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.