
Украина го прифати рускиот конвој од 280 камионот за хуманитарна помош на Меѓународниот Црвен крст.
Украинскиот министер за социјална политика Људмила Денизова потпиша наредба за усвојување на руската хуманитарна помош. Во согласност со членовите 4 и 5 од Законот за хуманитарната помош украинскиот претседател Петро Порошенко го признава товарот како хуманитарна помош, пренесено под покровителство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
– Останува се разбира еден предизвик – потребните гаранции за безбедноста на сите страни пред да почне да се придвижува помошта – коментираат од Црвениот крст.
Претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст почнаа проверка “по избор” на камионите со хуманитарна помош од Русија за жителите на Југоисточна Украина, објави дописникот на ИТАР-ТАСС од Каменск-Шахтински, град на 20-ина километри од граничниот премин “Донецк” на границата со Украина.
Шефот на регионалната делегација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (во Русија, Белорусија, Украина и Молдавија) Паскал Кјута претходно најави дека соработници на организацијата ќе го проверат товарот на руска територија.
Претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа се очекува да пристигнат уште денес на граничниот премин “Донецк”, соопшти за ИТАР-ТАСС претставник на транспортната компанија која ја пренесуваше помошта.
Сеуште не е познато кога конвојот со хуманитарна помош ќе влезе на украинска територија и ќе достигне до сиромашното население, бидејќи процедурите за ослободување на стоката не се завршени.
Западот и Киев постојано изразуваа загриженост дека конвојот може да се користи како изговор од Русија за упад во Украина.
Министерството за надворешни работи на Русија изјави дека Киев се обидува да ја блокира испораката. Конвојот од 280 камионот превезува 2.000 тони хуманитарна помош. Тоа вклучува прехранбени производи, лекови, медицински потрошен материјал, вреќи за спиење и други нешта од прва потреба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира протестен конвој од автомобили по скопските улици (видео)
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија


