
Новоизбраниот претседател на Индонезија, Јоко Видодо, кој должноста ќе ја преземе на 23 октомври, ќе се соочи со прилично тенок буџет.
Неговиот претходник, се уште актуелниот претседател Сусило Бамбанг Јудихјоно, со последниот усвоен буџет ја задолжува државата со годишна обврска од 137 милијарди долари. Буџетскиот дефицит е планиран на 2,3 посто од вкупниот БДП, кој во Индонезија е нешто над илјада милијарди долари.
Дел од овие средства, окоу 20 отсто, ќе одат на конто на исплатата на долгови кон странство, една третина треба да се издвојат за субвенции што Индонезија ги дава за горива и електрична енергија, а речиси половината за плати за огромната државна администрација, војската и полицијата.
Јоко Видодо, кој во политиката влезе како успешен бизнисмен од средната класа, а на претседателското место доаѓа од функцијата гувернер на Џакарта, за сега не го коментираше буџетот, но од неговиот тим лаконски изјавија дека новиот петседател, ако треба, од почетокот на идната година ќе може да предложи измени.
Пишувајќи за не толку успешната буџетстска политика на претседателот во заминување Јудихјоно, медиумите во Индонезија потсетуваат дека тој во Парламентот издејствува одлука дека за негови трошоци за живеење, активноси и за тимот што ќе работи со него има обезбедено неограничен буџет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


