| четврток, 6 декември 2018 |

Киев бара воена поддршка од НАТО и ЕУ

павло

Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин ги повика НАТО и ЕУ да им пружат воена поддршка на украинсите сили што се вклучени во судирите со проруските сепаратисти, нагласувајќи дека Алијансата „треба да
усвои нова стратегија кон Киев“.
– НАТО и ЕУ треба да размислат што можат и што треба да направат кога се прекршуваат законите, како што се случи во март кога Русија го анектира Крим и како што се случува сега во Доњецк и Луганск – изјави Климкин во интервју за германското радио „Дојчландфунк“.
Според Климкин, ЕУ и НАТО мора да преземат нешто доколку „една европска земја поттикнува војна во Европа“.
– Ако во таков случај ЕУ и НАТО велат дека не можат да сторат многу, тогаш како ние ќе можеме во нив да гледаме одговорен партнер – потенцира шефот на украинската дипломатија.
Климкин нагласува дека на Украина и е потребна воена помош и затоа ги повикува ЕУ и НАТО да и ја пружат, додавајќи дека подоцна Киев ќе се оддолжи за дадената помош.
– Би сакал Украина да добие политичка поддршка, но и поголема помош за војската, за рефомите и за борбата против тероризмот и кибер криминалот – потенцира Климкин во интервјуто, додавајќи дека Киев „до крај ќе се бори за Крим, Доњецк и Луганск“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top