| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца лекари го примиле експерименталниот лек против Ебола

ебола лек

Тројца лекари заразени со Ебола во Либерија, го добиле експерименталниот лек Zmapp, објави Ројтерс.

Оваа недела Либерија, која е најсилно погодената страна од епидемијата во Западна Африка, доби три дози од серумот. Двајца лекари од Либерија и една од Нигерија се првите африкански пациенти кои се подложени на експерименталното лекување. Препаратот веќе бил даден на двајца американски здравствени работници и на шпанскиот свештеник, кои се разболеле при работа во Либерија болници.

По земањето статусот на американските здравствени работници е подобрен, но шпанскиот свештеник почина.

Истовремено еден човек е ставен под карантин во болница во шпанскиот град Аликанте, што е прв наводен случај на инфекција со Ебола во Шпанија по смртта на мисионерот, соопшти АФП ..

Од пациентот се земени примероци, но резултатите ќе бидат готови дури следната недела. Во меѓувреме бил активиран протоколот за акција при сомневање за присуство на Ебола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top