| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс е првиот финалист во Синсинати

На Мастерс турнирот во Синсинати во женска конкуренција во првото полуфинале по долга борба во три сета актуелниот прв светски рекет Серена Вилијамс славеше со пресврт против поранешната најдобра тенисерка на светот Каролине Вознијацки.
Вознијацки добро го започна мечот и веднаш на почетокот направи брејк на сервис на Вилијамс. Добра игра ја продолжи до крајот на првиот сет и го освои со 6-2. Вилијамс се созема во вториот и третиот сет и докажа зошто е најбра тенисерка во светот. Таа направи целосен пресврт и ги доби двата сета (6-2, 6-4) и се пласираше во финалето.
Каролине Вознијацки полека но сигурно со добите игри покажува дека се враќа на старите патеки од пред неколку години. Ова е само втор пораз по Вимблдон за данската тенисерка и влегува во фаворитите од сенка за освојување на последниот гренслем оваа сезона, отвореното првенство на САД.
Во второто полуфинале ќе се сретнат двете „убавици“ на белиот спорт Марија Шарапова и Ана Ивановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top