| четврток, 6 декември 2018 |

Славните личности на удар, Арон Ремзи постигна гол! (видео)

Arsenal v Crystal Palace

Во последниот натпревар од денешната програма во рамките од првото коло во новата сезона на Премиер лигата, Арсенал со целосен пресврт го победи Кристал Палас со 2-1.
Поведе гостинската екипа со голот на Хагеланд во 35 минута. Израмни Кошчелни во финишот на првиот дел.
Арсенал се мачеше во текот на вториот дел да постигне победоносен гол. Се играше судиското продолжение кога Арон Ремзи од непосредна близина на гостинскиот гол ја смести топката во мрежата.
Ова е единствената победа на домашна екипа во Аглија денеска, бидејќи на претходните шест натпревари на четири славеа гостите, додека два завршија нерешено.
Приказната за Ремзи е дека секогаш кога тој ќе постигне гол за „топџиите“ некоја светска позната личност починува. Да се надеваме дека во овој случај нема да биде така.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top