Охриѓани и туристите кај чинарот, на плоштадот и на шеталиштето во Охрид имаа можност да видат 40-тина примероци на олдтајмери од различни автомобилски марки. Оваа несекојдневна изложба која за прв пат се одржува во Охрид е во организација на Охридската локална самоуправа и АКК „Примо авј“ од Скопје.

Покрај изложбениот дел, вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат и ревијалното возење кое ќе се одржи до комплексот Св. Наум и до хотелот Инекс Горица.

Ревијата е од меѓународен карактер и на неа учествуваат екипи од Македонија, Бугарија и Србија. Се очекува во иднина манифестацијата да добие традиционален карактер, а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


