| четврток, 6 декември 2018 |

Победата на ПСЖ во сенка на повредата на Ибрахимовиќ (видео)

Paris Saint-Germain FC v Lille LOSC - French League 1

Во второто коло од француското фудбалско првенство ПСЖ победи на домашен терен и ја оствари првата победа против Бастија со 2-0. Головите за „светците“ ги постигнаа Лукаш Мура во 26 минута и Едисон Кавани во 57 минута. Двата гола паднаа по кардинални грешки на целокупната одбрана на гостинот.
Сепак оваа победа паѓа во сенка по повредата на првата ѕвезда во тимот Златан Ибрахимовиќ. Тој при еден дриблинг беше соборен од одбранбениот играч на Бастија и незгодно падна на колкот. Популарниот „Ибракадабра“ проба да продолжи да игра, но кратко потоа мораше да биде заменет од Лавеци.
Колку е сериозна повредата ќе биде соопштено во следните денови кога ќе бидат извршени детални лекарски прегледи.


Zlatan Ibrahimovic se blesse sur une feinte de… by ChuckyRMC_DaviD


Lucas Moura Great GOAL I PSG vs Bastia 1-0 I… by SkyTV1


PSG 2-0 Bastia Goal Edinson Cavani by sporttvks

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top