| четврток, 6 декември 2018 |

Пронашол половина килограм златници, сега роднините си бараат дел од скриеното богатство

Жител од селото Полаки, во околината на Кочани пронашол половина килограм златници, пишува порталот „Во Штип“, по што започнале неговите маки зошто роднините си барале дел од скриеното богатство. Сопственикот ја договорил својата стара куќа за продавање на Италијанец и при иселувањето случајно во запоставен црн чорап кој бил прилично тежок, пронашол 17 златници.

Златниците според проценките се во вредност од 16 илјади евра.

Додека сопственикот се радувал на своето пронајдено бoгатство купецот се откажал од своите намери, но се јавиле проблемите од своите лакоми роднини. Како и по обичај во нашето поднебје блиските кога ти е најтешко никаде ги нема, а кога имаш веќе златници бараат дел од богатството. Така роднините на срекниот пронаогач на богатството му бараат дел од истото со што и се закануваат со судски процес.

Додека сето ова се случува трагачите по старо богатство веќе се на терен и прекопуваат и истражуваат нови скриени чорапи со златници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top