Финансискиот „гуру“ на опозициските медиуми во Македонија, Владимир Милчин извршниот директор на Отворено општество Македонија под покровителство на Сорос, како и поранешен член на претседателството на СДСМ, откако го подели буџетот на Сорос од пет милиони евра на медиумите блиски до СДСМ, заминал н заслужен одмор во соедна Грција. Милчин со ланскиот буџет им ги подмири сметките на медиумите кои имаат задача да ја критикуваат државата и да ги промовираат вредностите кои се на штета на македонските интереси. При тоа туркајќи ги и промовирајќи ги идеите и платформите на македонската опозиција.
Грција била дестинацијата за одмор и на уредниците на критизерските медиуми финансирани од СОРОС. Меѓу нив се и Ацо Кабранов и Бранко Героски.
Уредникот на порталот Плус инфо, Бранко Героски за Република потврди дека дел од летото минал во Грција, како и во Русија. Двете семејни летувања биле редовни аранжмани на туристичките агенции, за кои вели дека биле евтини, а понудата вредела да се искористи. Тој своето летување за разлика од други го откри сам во колумна, но пак сега додава дека можеби некој не ја разбрал шегата за тоа дека „во Русија бил на покана на Путин“.
Тоа пак што се отвора како прашање е колкумина уредници- новинари имаат можност во екот на летната туристичка сезона да уплатат два аранжмани во странство? Особено ако на тоа се додадат и викенди во македонските туристички центри, што за нив можеби и не се вредни за споменување. Па дури и дека одморот е многу покус од еден месец, иако не е логично на пример во 15 дена да се сместат тура низ Русија, остров во Грција и на пример семеен викенд во Охрид.
Ацо Кабранов, пак, уредникот на проопозицискиот портал Либертас, за сега не открива каде летувал во Грција, колку време и дали користел услуги на туристичка агенција?
Тоа што недостасува за да во целост се надополни сликата се и одговорите дали уредништвото на медиумите наклонети кон СДСМ и главни критизери на македонското општество, финансирани од фондацијата СОРОС на Милчин, заедно со финансиерот биле дел од оние гости кои поминале време на имотот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, за кого се вели дека поседува куќа на една од грчките плажи?
Откако Героски самиот во колумна наведе каде летувал, можеби тоа ќе го сторат и Кабранов, но и Милчин во некои од своите објави во јавноста. Секако, надополнети и со одговори кои се наметнаа во медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


