| четврток, 6 декември 2018 |

Лоша вест за љубителите на Нутела

Поради уништените посеви со лешници во Турција, љубителите на Нутела ќе треба да платат повисока цена, доколку сакаат да уживаат во нејзиниот вкус.

Невремето што ја зафати Турција годинава уништи околу седумдесет проценти од посевите на лешници, наменети за производството на Нутела.

Засега штетата не е утврдена, но Турците најавија дека ќе успеат да произведат само 540.000 тони од предвидените 800.000 за оваа година.

„Ferrero“, компанијата која стои зад производството на Нутела, е најголемиот купувач на лешници во светот. Таа купува дури 25% од достапното количество.

Добрата вест е што цените барем кај „Ferrero“ веројатно нема да скокнат толку многу, бидејќи неодамна купи значителен број акции во турската компанија „Oltan Gıda“ која важи за најголем турски извозник на лешници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top