За сега нема објаснување како преку ноќ се создало мистеризното езеро во пустина во централниот дел на Тунис, кое е откриено пред три недели. Езерото во меѓувреме стана вистинска атракција.
Властите во Тунис дури предупредиле дека водата со кристално сина боја може да биде канцерогена, но тоа не ги спречило Тунижаните да се разладат. Експертите сметаат дека езерската вода е загадена бидејќи се појавила покрај планини во кои има рудници за фосфат.
-Некои велат дека е чудо, други тоа го викаат проклетство, вели новинарот Лакдар Сиуд.
Езерото на некои места е со длабочина од 18 метри, има околу милион кубни метри вода и е на површина поголема од еден хектар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


