Екипите на Град Скопје денеска ќе почнат градежни работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата „Димитрија Чуповски“ пред автобуската станица наспроти Театарот за деца и младинци.
Сообраќајната лента ќе се реконструира во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште. За време на реконструкцијата привремено автобуско стојалиште ќе биде старата постојка „Рекорд“, т.е. пред семафорите на крстосницата меѓу „Димитрија Чуповски“ и „Македонија“.
На обновата на сообраќајната лента ќе работат екипите на градежната компанија „Бетон“ а.д., а Град Скопје за овој зафат ќе потроши околу еден милион денари. Ќе се изгребе стариот вдлабнат и оштетен асфалт и ќе се нанесат три асфалтни слоја.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да се избегнува движење кај Градски парк, Водно и Гази Баба – апелира Град Скопје
-
Да не беше трагично, ќе беше смешно: Град Скопје признаа дека пуштиле старо видео
-
Град Скопје четири дена ќе прска против комарци!
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград