12 милиони евра во Македонија ќе инвестира германската компанија за стаклени влакна „Техникал текстајлс“. Изградбата на објектот од 9.000 квадратни метри треба да почне идниот месец, а планираното производство најдоцна во мај 2015 година.
Како што рече денеска сопственикот Џенс Ванланд, за почеток ќе бидат вработени 500 до 600 лица кои веднаш, по изборот во октомври-ноември, ќе се испратат на обука во Словачка. Доколку фабриката работи добро, бројката ќе достигне преку 1.000.
– Сакаме што поскоро да почнеме со производство. Гледаме голема иднина во Македонија, особено од аспект на економијата. Ова е многу добро место за инвестирање. Ако стартуваме добро, ќе повлечеме и други вложувачи тука, наши партнери – нагласи Ванланд.
Објектот во ТИРЗ Штип ќе го гради македонска компанија, но утре ќе се знае која. Моментно течат разговорите.
Ванланд за 2015 година најави изградба на уште еден погон, вреден дополнителни 12 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме