
Македоните во Албанија побараа од шефот на албанската држава Бујар Нишани да не го потпишува законот за територијална поделба, кој и покрај противењето на малцинствата,на 31 јули го изгласа парламентот, но без присуство на опозицијата.
Во писмото на македонското друштво „Илинден“ до Нишани стои дека се надеваат на негов праведен и законски став, како независна инситуција и гарант на Уставот, за сите граѓани на Албанија и во истоверме се искажува верба во силата на демократијата, како голема сила на општеството.
– Македонците во Република Албанија укинувањето на општините и нивно припојуање кон други општини, го сметаат за чекор назад во почитувањето на правата на македонското малцинство во Голо Брдо и Гора. Двете области и при административната поделба од 1913 година останаа самостојни амдинистративни области. Со новата поделба се крши секој демографски, географски, економски и културен критериум на Голо Брдо и Гора, како национални богатства, -стои во писмото, потпишано од претседателот на „Илинден“, Никола Ѓурѓај
Во него се додава дека припојувањето на македонските општини го отежнува животот на жителите на Голо Брдо и Гора, како планински подрачја,кои поради една потврда или друга услуга треба да патуваат најмалку два часа.
– Ние, Македонците во Албанија на овој закон ќе се спротиставиме со сите демократски средства. Претходно несогласувањето со овој закон го искажавме со писма до меѓународниот фактор каде ги наведуваме аргументите зошто овој нов закон е директно против правата на малцинствата во Албанија, – вели Ѓурѓај.
Преседателот Нишани денеска ги врати на повторно разгледување Законот за полиција, Законот за Високиот совет за правда и Законот за Управен суд, кои беа усвоени од парламентот на 31 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


