| четврток, 6 декември 2018 |

Ајкула го нападна „Гугл“ (видео)

Tigar ajkula
Ајкула ги нападна оптичките кабли на Гугл кои се наоѓаат на дно на Пацификот, пренесува Guardian.

Компанијата „Гугл“ во иднина ќе мора да ги заштити своите подводни кабли, кои го пренесуваат светскиот интернет сообраќај, бидејќи се чини дека нападите на ајкулите се случуваат почесто отколку што некој би можел да претпостави, па стануваат проблем за подводната инфраструктура.

Дека не станува збор за едноставен потфат покажува големината од 160.000 километри кабел кој треба да биде заштитен, како и тоа дека Гугл ги замотува оптичките кабли во кевлар за да ги заштити од нападите на ајкулите, јави Гардијан.

Иако се уште не е официјално потврдено, се претпоставува дека ајкулите се привлечени од електричните импулси.

„За разлика од кусите терестријални кабли или старите бакарни кабли кај кoи влакното не емитира забележително поле, подморските кабли мора да доаѓаат со висок напон за подводните репетитори, како последица на ова, околу и по должина на кабелот се јавуват електрично и магнетно поле. Некои од ајкулите ги идентификуваат овие импулси како повредена риба и се обидуваат да се нахранат со кабелот“, објаснуваат од Network World.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top