| четврток, 6 декември 2018 |

МВР будно ја следи состојбата со екстремизмот во регионот

јанкуловска

Безбедносните служби ја следат состојбата во регионот поради појавата на екстремизмот предизвикан и увезен од блискоисточниот и северноафриканскиот регион.

– Ние внимателно ја следиме состојбата, ги следиме сите информации и анализираме како дејстувањето на овие лица во странски држави, во конретниов случај се работи за соседна држава, евентуално би можело да има влијание на безбедносната состојба во Република Македонија – истакна денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Министерката информираше дека УБК и воопшто сите безбедносни служби со максимално внимание следат сѐ што се случува, собираат ифнормации и се реагира соодветно.

– МВР треба да ја продлабочи соработката со косовската полиција иако е веќе потпишан договор за соработка – изјави министерката Јанкуловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top