| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на листерија

листерија

Нов случај на листерија, кај 16-годишно девојче од Неготино, кое веќе два дена е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести е регистриран менингитис како последица на бактеријата.
– Во моментот нејзината здравствена состојба е стабилна и таа не е приклучена на апарати за дишење – изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Звонко Миленковиќ.
Надлежните сѐ уште не знаат што јадела и тоа допрва ќе се испитува. Комисијата за заразни болести информираше дека девојчето е од низок економски стандард и спаѓа во ризичните групи, но нема никаква фамилијарна поврзаност со другиот случај од Неготино.
Анализите сѐ уште не се готови поради што не се знае точната типизација. Единствено што се знае со сигурност е дека единствен предизвикувач е храната.
Кај другиот пациент од Неготино, 46-годишниот маж, има лесни знаци на подобрување, но е во тешка здравствена состојба и тој е приклучен на апарати за дишење.
Досега од листерија во Македонија починаа четири лица, а пет се заболени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top