| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно се отвора случајот на Хосни Мубарак

Врховниот суд на Египет соопшти денеска дека повторно ќе биде отворен случајот на поранешниот претседател Хосни Мубарак поради убиство на околу 800 демонстранти во 2011 година.

Судијата ја прифати жалбата на јавниот обвинител на претходната судска одлука да се отфрли тужбата против Мубарак и најави дека ново судење ќе почне на 5 ноември.

Судот на 29 ноември го отфрли обвинението за убиство против Мубарак поради убиствата на демонстрантите за време на протестот во 2011 година, со кои тој беше соборен од власт. Судот го ослободи и од обвинението за корупција при извоз за гас во Израел, но тој остана во затвор бидејќи е осуден на тригодишна казна поради корупција во друг случај.

Седум команданти на египетските сили за безбедност, вклучувајќи го и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли, исто така, се ослободени од обвиненијата за смрт на демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top