
Благодарение на започнатите реформи Франција ќе остане петта економска сила во светот, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, на маргините од прославата на 70-годишнината од десантот на сојузничките сили на југот од Франција.
Според Националниот институт за економски и статистички студии на Франција, БДП на земјата во вториот квратал стагнирал, исто како и во првите три месеци од годината. Владата од своја страна планираше економски раст од еден отсто за 2014, по што изврши ревизија на предвидувањата на само скромни 0,5 проценти.
Стагнацијата на економскиот раст ќе ја оневозможи Франција да ги испочитува своите обврски за намалување на јавниот дефицит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


