Чешката тенисерка Барбора Стефкова го сопре налетот на Лина Ѓорчевска во Брчко и ја елиминира најдобрата македонска претставничка во овој спорт со победа од 2-0 во сетови.
Во четврт-финалниот дуел попладнево, Стефкова го доби првиот сет со 7-5, а потоа успеа да направи пресврт и со 5 гема во низа од 1-3 да стигне до 6-3, за конечни 2-0 во сетови.
Ѓорчевска претходно во дует со Наталија Костиќ го предадоа без борба мечот во игра на двојки, со што заврши настапот на македонската тенисерка на турнирот во Брчко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.