Новак Ѓоковиќ ќе игра финале на тенискиот турнир во Дубаи, во обид да ја освои четвртата титула, а наместо очекуваната пресметка со Роже Федерер, противник ќе му биде Томаш Бердих.
Во исклучително интересни полуфинални дуели, Ѓоковиќ со 6-3, 7-6 го надигра Хуан Мартин дел Потро, а Бердих го изненади Федерер и се пласира во финалето, со победа од 3-6, 7-6, 6-4.
Двајцата финалисти играле меѓусебе 13 пати. Ѓоковиќ има дури 12 победи и само еден пораз од Бердих. Србинот е со максимален ефект во Дубаи и во досегашните три финалиња, секогаш победуваше и ја освојуваше титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


