Шпанскиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Хави Мартинез, ќе отсуствува од терените поради повреда на коленото од шест до осум месеци.
Баерн Минхен денеска објави дека повредата на Мартинез во Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд е сериозна и нема да настапува за клубот сѐ додека не ја санира целосно. Тој при еден дуел со Шмелцер ја заработи тешката повреда, по што мораше да го напушти теренот и на негово место да влезе Бразилецот Данте.
Мартинез ги скина лигаментите на коленото и се очекува во следниот период да направи операција што ќе го оддалечи од терените. Мартинез пристигна во Баерн во 2012 година од Атлетик Билбао за 40 милиони евра и е еден од главните играчи во централниот дел од одбраната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


