Косовската полиција почна истрага против поглаварот на Исламската заедница на Косово, Наим Трнава, поради финансирање од сомнителни извори и именување сомнителни личности за имами. Под полициска истрага се и неколку имами од џамиите од Призрен, Качаник, Генерал Јанковиќ и Драгаш.
Во Косово вчера беше уапсен еден од главните иницијатори на џихадот во земјата, имамот од џамијата во Гњилане, Зекрија Ќазими.
Косовската полиција во понеделникот уапси 40 лица под сомнеж дека се членови на терористичките групи Исламска држава и Ан Нусра кои дејствуваат во Ирак и во Сирија. Обвинителството во средата соопшти дека вкупниот број осомничени за тероризам во Косово се искачил на 96.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


