| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус граби кон титулата, по ремито 1-1 во Неапол (видео)

Јувентус ја задржа предноста од 6 бода по ремито, 1-1, во Неапол против Наполи.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше стартер, но овојпат не успеа да го совлада стариот „муштерија“ Џиџи Буфон, кој важи за еден од најдобрите голмани на светот. Џорџо Кјелини му донесе предност на Јувентус, во раната фаза од мечот во 10. минута, а израмни Инлер во финишот на првиот дел во 43. минута.

Изненадувачки, Наполи во второто полувреме не се обиде да нападне и да ги освои бодовите, со што ќе ја стопеше предноста на само 3 бода, во однос на лидерот Јувентус.

„Старата дама“ од Торино рутински го приведе натпреварот докрај и ја задржа убавата разлика од 6 бода на врвот на табелата во Серија А.


szólj hozzá: Napoli vs Juventus 1-1 Match Highlights

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top