| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул граби кон титулата во Коксијд

Димитар Грабул игра одлично на турнирот од фјучрс-серијата во белгискиот град Коксијд и ќе игра во четврт-финалето по победата над Џејмс јуниор Сторм. Грабул славеше лесно и на уверлив начин со 6-2, 6-3, и го очекува дуелот за плсман во самата завршница против холандскиот тенисер Скот Грикспор.

Грабул последниве неколку години живее во Белгија и најчесто игра турнири во таа земја, а бележи одлични резултати, иако е веќе тениски ветеран на 33-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top