Стотина филма на попарт-уметникот Енди Ворхол ќе бидат дигитализирани и достапни на јавноста, соопштија во четвртокот во Њујорк.
Проектот, кој опфаќа околу 500 филма кои Ворхол ги снимил меѓу 1963 и 1972 година, ќе го реализира Музејот на модернатауметност (МоМА), Музејот „Енди Ворхол“ од Питсбург и фирмата за визуелни ефекти МПЦ. Реализацијата почнува овој месец и ќе бидат потребни неколку години да се заврши.
Ворхол е роден во Питсбург, а починал во 1987 година на 59 години и се смета за еден од најзначајните американски уметници во 20 век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.