По неколкугодишна пауза, вечерва во Охрид ќе биде отворен Фестивалот на вино и на сирење, манифестација која е предвидена да ги промовира виното и сирењето како специфични македонски производи со особен квалитет.
Како што најави Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој во локалната самоуправа, манифестацијата е обновена, со внесување неколку новини со цел да биде попривлечна за гостите што престојуваат во Охрид.
– Покрај излагачи од Југозападниот регион на Македонија, кои беа присутни и во минатите изданија, годинава првпат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и од Корча, Албанија. Со тоа настојуваме манифестацијата да добие меѓународен карактер. Иновативност во фестивалот е начинот на презентација на производите – истакна Апостолоски.
Во двата фестивалски дена манифестацијата, која ќе се одржува на плоштадот „Крушевска Република“ кај чинарот, ќе биде збогатена со музичка програма и настап на охридски групи и музички состави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.