Не му оди на Новак Ѓоковиќ на турнирот во Синсинати, а единствената титула што му недостасува од Матсерс турнирите, повторно остана далеку од него по елиминацијата од Томи Робредо.
Шпанецот направи сензација и со 7-6, 7-5 го исфрли од игра светскиот тенисер број 1. Ѓоковиќ нема круна во популарниот „Квин сити“, а токму неа ја посакува за комплетирање на богатата колекција со тениски трофеи. Ги има од сите мастерси и гранслем турнири, освен од Охајо, од АТП турнирот во Синсинати.
Робредо со ладнокрвна игра го елиминира фаворитот и ја забележа само втората победа во кариерата и против него, но и кога играл со тенисер кој во тој момент бил број 1 на светската ранг-листа. Претходно Шпанецот го има надиграно Лејтон Хјуит, во ситуација кога Австралиецот беше најдоброрангиран светски тенисер.
Следен противник на Робредо ќе му биде подобриот од пресметката меѓу Ферер и Јужњи, а во останатите четвртфиналиња во Синсинати Вавринка ќе игра со Бенето, Раониќ против Фоњини и Мареј со победникот од дуелот Федерер – Монфис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


