Психолози составија листа со професиите кои најчесто доведуваат до распаѓање на односите, пишува списанието “Police and criminal psychology”.
По анализата на 499 различни професии, специјалистите составиле листа со 10-те занаети кои ги расипуваат односите меѓу паровите. На прво место се кореографите и танчери. Втората позиција е за бармени, а третото место го заземаат масерите.
Психијатрите и медицинските сестри, исто така немаат голем успех во бракот. На петтото место се спортистите, проследени со портирите, телефонските оператори, економистите и чистачките. Рангирањето завршува со готвачите кои изгледа исто имаат големи тешкотии да создадат стабилна врска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



